Background

Новиот радар на скопскиот аеродром од есенва ќе почне со работа

Поставувањето на новиот АТМ систем во М-НАВ е од исклучително значење за повисоко ниво на безбедност, сигурност и ефикасност во управувањето со воздушниот сообраќај, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски при посетата на М-НАВ и контролната кула Скопје.
Значењето е уште поголемо ако се земат бројките дека има преку 12 % зголемување во првите шест месеци од 2026 година во однос на 2025 година на бројот на прелети над македонското небо.
– АTM системот е технолошко решение кое што директно ќе придонесе за повисоко ниво на безбедност, сигурност и ефикасност во управувањето со воздушниот сообраќај и со воведувањето во употреба, М-НАВ добива комплетно ново решение. Она што можам да го кажам е дека во 2026 година, во првите шест месеци имаме прелет на 173.000 воздухоплови над македонскиот воздушен простор. Тоа се и оние коишто слетуваат на нашите аеродроми, но и оние коишто прелетуваат. Само за споредба, тоа е зголемување од 12,2% во однос на 2025, 23% во однос на 2024 и 27% во однос на 2023 година, а само во јули низ македонскиот воздушен простор имаме 42.000 прелети – истакна Николоски.
Како што рече, овој систем е поврзан со скандали во владата на СДСМ и ДУИ, но со поставување на новото раководство на М-НАВ, со добра координација системот е инсталиран и ставен во функција.
– Набавката е започната уште во 2014 година, а договорот е склучен во 2018 година со италијанската компанија Леонардо. Од 2018 до 2024 година нема никакви активности, со тоа се соочуваа и истражните органи во изминатиот период. Со изборот на новото раководство на М-НАВ почна интензивна работа, со што еве денес сведочиме на ставање во целосна функција на ATM системот – изјави Николоски.
Во 2025 година поставен е и новиот радарски систем на контролната кула во Скопје и истиот е во завршна фаза на тестирање.
– Слична е и судбината со радарот. За радарот првпат договорот е потпишан во 2022 година, но до 2024 година нема никакви активности. Во 2025 година новото раководство на М-НАВ започна со активности, градежни активности и сите потребни останати активности за целосна инсталација на новиот радар. Новиот радар веќе е на контролната кула и во моментов се вршат потребните тестирања. Во текот на септември или октомври ќе биде целосно ставен во функција, со што македонското небо ќе има највисок систем на контрола и највисок систем на безбедност. Со воведувањето на овие два система – ATM системот и новиот радар – целосно го покриваме македонското небо на највисоко ниво што во моментот во светот може да се најде на контрола на безбедност – истакна Николоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation