19-годишна девојка го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случи на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село, во атарот на селото Турново.
Несреќата се случи околу 23:30 часот, а во неа учествуваа патничко возило „Сеат Леон“, управувано од 29-годишниот С.Б. од Струмица, и мотоцикл без регистарски ознаки, кој го управувал 19-годишниот А.Д. од селото Иловица.
Во несреќата, од здобиените повреди на местото на настанот починала 19-годишната К.Ј., која била сопатничка на мотоциклот. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Возачот на мотоциклот, А.Д., се здобил со телесни повреди, кои му биле констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.
На местото на несреќата бил извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.
При алкотестирањето на возачот на „Сеат Леон“ било утврдено дека управувал под дејство на алкохол. Кај него биле измерени 1,75 промили алкохол во крвта, по што бил лишен од слобода.
При увидот било утврдено и дека 19-годишниот возач на мотоциклот го управувал возилото без да биде регистрирано и пред да стекне право на управување со моторно возило.
Поради вршењето на увидот, сообраќајот на магистралниот пат Струмица – ГП Ново Село, кај селото Турново, бил целосно во прекин во двата правци од полноќ до 2:30 часот.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатата девојка е предадено на обдукција.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
