Background

НЕКОГАШНИОТ АТЕНТАТОР НА РОНАЛД РЕГАН ИСПРАТИ ПОРАКА ДО АКТЕРКАТА КОЈА САКАЛ ДА ЈА ИМПРЕСИОНИРА

Повеќе од 45 години по обидот за атентат врз Роналд Реган, Џон Хинкли Jуниор повторно јавно проговори за Џоди Фостер – актерката поради која го направил обидот за атентат. Во ретко интервју за „The Mark Joseph Show“, денес 71-годишниот Хинкли упати кратка порака до Фостер: Само ѝ посакувам сè најдобро на Џоди Фостер… се надевам дека има добар живот.

Тој додал дека повеќе не ги гледа нејзините филмови.

Хинкли имал само 25 години кога на 30 март 1981 година, пред хотелот „Вашингтон Хилтон“ во Вашингтон, испукал шест куршуми кон Реган додека претседателот заминувал од хотелот. Реган бил тешко повреден, а ранети биле и неговиот секретар за печат Џејмс Брејди, полицаецот Томас Делаханти и агентот на Тајната служба Тим Мекарти. Брејди останал трајно парализиран и починал во 2014 година од компликации поврзани со повредите.

- Advertisement -
Ad image

Причината за нападот била неговата опсесија со тогаш младата Фостер, која ја гледал во филмот „Taxi Driver“ од 1976 година. Хинкли ја следел нејзината кариера, а откако дознал дека студира на Универзитетот Јејл, се преселил во Њу Хејвен и се обидувал да стапи во контакт со неа, оставајќи ѝ писма и пораки. Во својата нарушена перцепција верувал дека атентатот врз претседателот ќе ја импресионира актерката и дека на некој начин двајцата потоа ќе бидат заедно.

Во новото интервју тој отворено признава колку нереална била неговата тогашна претстава за иднината. Хинкли објаснил дека верувал оти по нападот ќе воспостави врска со Фостер и дека таа ќе му се придружи без разлика дали тој ќе заврши во затвор или во психијатриска установа. Денес неговите тогашни убедувања ги опишува како заблуди.

На судењето во 1982 година Хинкли бил прогласен за невин поради непресметливост и бил сместен во психијатриска установа. Со децении бил под судски надзор и со различни ограничувања. Во 2016 година добил дозвола да живее надвор од установата под строги услови, додека во јуни 2022 година бил целосно ослободен од судскиот надзор. Меѓу ограничувањата со години било и тоа да нема контакт со Фостер, семејството на Реган и другите жртви.

Фостер, која денес има 63 години, низ годините ретко зборувала за трауматичното искуство. Таа претходно открила дека случувањата длабоко влијаеле врз нејзиниот живот и дека по нападот живеела со обезбедување и во сигурна куќа. Во едно интервју во 2024 година зборувала и за тоа како целата ситуација влијаела врз нејзиниот однос кон настапите во живо. Иако денес Хинкли вели дека ѝ посакува само добро, неговото име засекогаш останува поврзано со еден од највознемирувачките случки во нејзиниот живот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation