Согласно со информациите од дипломатско-конзуларното претставништво во Солун, до овој момент од надлежните грчки институции не е добиена официјална информација за бројот на евакуирани македонски државјани од подрачјата зафатени со пожарите во Грција, информираа од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за МИА.
„Македонски државјани телефонски се обратиле до претставништвото за информации, при што им биле пренесени упатствата и насоките издадени од надлежните грчки власти“, информираат од Министерството.
Од МНРиНТ додаваат дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку дипломатско-конзуларното претставништво во Солун, внимателно го следи развојот на состојбата.
„За дополнителни информации и итна помош, на располагање се дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, електронската адреса globalsos@mfa.gov.mk, како и дежурните телефонски броеви на Конзулатот на Република Северна Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001“, наведуваат од МНРиНТ.
Од Министерството апелираат до македонските државјани кои се наоѓаат во засегнатите подрачја внимателно да ја следат состојбата и да ги почитуваат упатствата и насоките на надлежните локални власти.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
