Background

Пилотот откри детали за потрагата кај Крк

Четириесет и пет минути кружел авионот над Португалката пронајдена жива во морето кај Крк. Екипажот не ја напуштил позицијата сè додека до неа не стигнал бродот на пристанишните власти. Хрватските власти сè уште трагаат по последниот од четирите лица од Португалија кои исчензаа кај Сиењ со СУП-даски .

Засега, се претпоставува дека сончевото време ги намамило во морето, додека брановите ги однеле.

Пилотот Домагој Иштвановиќ сега откри како изгледала потрагата од воздух. Ниското летање, малата брзина и силните турбуленции значително им ја отежнувале работата, јавува хрватски Дневник.

- Advertisement -
Ad image

– Проблемот со целата приказна е што летавме на многу ниски височини и со мали брзини. За време на пребарувањето бевме во многу турбулентни воздушни струи, што ни го отежнуваше нејзиното забележување – раскажа Иштвановиќ.

Прво здогледале даска, а потоа човек во морето

Неа ја забележале додека летале од Крк кон Сењ. Но, вниманието на екипажот најпрво го привлекол друг предмет во морето.

– Прво видовме СУП-даска што беше таму, не знам од која причина. Кратко потоа ја забележавме и жртвата – рече пилотот.

Следувало долго чекање над истата точка.

– Ја држевме нашата позиција над неа околу 45 минути, сè додека не се појави бродот на Пристанишната управа и, фала му на Бога, таа се извлече жива – додаде Иштвановиќ.

Спасената жена им дала уште една трага

Токму Португалката потоа им кажала на спасувачите дека уште еден член на групата се наоѓал во близина.

Мажот бил пронајден околу два часа подоцна на карпите, недалеку од местото каде што била пронајдена жената.

Потрагата во меѓувреме доби трагичен пресврт. Полициски хеликоптер утрово забележал тело на трет член од групата во морето. Телото било извлечено од екипа на пристанишната управа во Сењ.

Потрагата по последниот исчезнат Португалец продолжува.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation