Во вторник и во среда (18 и 19 август 2026) е првиот рок за пријавување кандидати за студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје. На 23-те факултети на најголемиот универзитет во Македонија се слободни вкупно 8.851 место за идни студенти во академската 2026/2027 година, која ќе почне на 1 октомври.
Според Конкурсот на УКИМ, од вкупниот број слободни места, 4.395 се за студенти во државна квота (редовни студенти кои се финансираат од државниот буџет), 3.621 за редовни студенти кои плаќаат школарина, т.е. ги кофинансираат студиите и 835 се за вонредни студенти.
Најголем број студенти на разни студиски програми ќе примат Медицинскиот факултет (950), ФИНКИ (800), ФЕИТ (600), Машински (600), Природно-математичкиот (626), Економскиот (655), Правниот (555), Филозофскиот (635) и Филолошкиот факултет (805).
Студентите во државната квота се запишуваат со плаќање надомест за студиите, во износ од 200 евра во денарска противвредност, студентите во квотата за кофинансирање и вонредните плаќаат школарина од 400 евра.
Првиот рок за пријавување на кандидатите за студии на УКИМ е 18 и 19 август. Конечната ранг-листа ќе биде објавена на 27 август, а запишувањето на примените кандидатите ќе биде на 3 и на 4 септември.
Вториот рок за пријавување за упис на УКИМ ќе биде на 10 и 11 септември и третиот на 23 септември на факултетите на кои ќе останат слободни места.
Пред пријавувањето, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот. Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување. Пријавувањето се врши во службата за студентски прашања на избраниот факултет.
Во конкурсот се наведени условите и критериумите за запишување, документите што треба да се поднесат, начинот на селекција на кандидатите. Појаснето е како се пресметуваат поените од општиот успех и од успехот постигнат на државната матура.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
