Директорот на телевизијата „Алсат-М“, Лирим Хајредини, утрово е пронајден мртов во близина на трговскиот центар „Мавровка“.
Местото го обезбедува полиција, а телото ќе биде предадено на обдукција за да се утврдат околностите и причината за смртта..
Хајредини повеќе од 16 години беше оперативен директор на националната телевизија „Алсат“. Беше познат како долгогодишен менаџер со искуство во телевизиска продукција, маркетинг и деловно управување.
Пред ангажманот во „Алсат“, Хајредини работел и во Македонскиот центар за меѓународна соработка, а неговото име со години се појавува и во анализи и истражувања за медиумскиот пазар во Македонија како оперативен директор на телевизијата.
Повеќе детали за случајот се очекуваат по официјалното соопштение на полицијата и завршувањето на предвидените постапки.
Tagged as:
Директорот на телевизијата „Алсат-М“ Лирим Хајредини утрово е пронајден мртов во близина на трговскиот центар „Мавровка“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
