Бразилскиот фудбалски гигант Сао Паоло се најде во центарот на полициска истрага во Боливија, откако во автобусот со кој патувал клубот биле пронајдени дури 86,5 килограми марихуана.
Автобусот бил запрен од боливиската полиција за време на рутинска контрола, а при претресот во возилото била откриена големата количина дрога. Во автобусот во тој момент се превезувале фудбалерите на Сао Паоло, кои престојувале во Боливија поради натпреварот против Боливар во осминафиналето на Копа Судамерикана.
По откривањето на дрогата, полицијата ги привела тројцата возачи на автобусот, додека марихуаната била запленета. Засега нема информации дека некој од фудбалерите бил уапсен или осомничен во случајот.
Клубот организирал заменски автобус со кој експедицијата продолжила кон Санта Круз. Според информациите што ги пренесуваат локалните медиуми, фудбалерите не биле свесни што се случувало со нивниот автобус сè додека не пристигнале во Санта Круз.
Истрагата треба да утврди како дрогата завршила во возилото и кој ја внесол во автобусот.
Во меѓувреме, Сао Паоло го одигра натпреварот од осминафиналето на Копа Судамерикана против Боливар. Средбата заврши 1:1.
Бразилскиот тим поведе преку Роберто Арболеда, додека Боливар во второто полувреме стигна до израмнување преку Мелгар.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
