Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска ја изрече првата глоба за напуштање (фрлање) легло на мачиња. Случајот, како што велат за МИА од АХВ, бил пријавен од совесен, хуман граѓанин, а изречената казна е 550 евра.
„Врз основа на известување кое ЈП Лајка го добило од граѓанин (поткрепено со видео снимки и фотографии) за напуштање легло со мали мачиња од страна на физичко лице во парк во близина на трговски центар во Скопје, официјален ветеринар на АХВ вчера спроведе вонредна инспекциска контрола. Контролата е спроведена по обезбедена потврда од Министерството за внатрешни работи (МВР) за идентитетот на лицето и регистарските таблички на возилото со кое биле превезувани мачињата. За прекршок по член 26 од Законот за заштита и благосостојба на животните и член 59 од Законот за ветеринарно здравство, на сторителот му е изречена глоба од 550 евра во денарска противвредност“, информира АХВ за МИА.
Не стивнуваат реакциите на сoцијалните мрежи, особено на членовите на фејсбук групите за домашни миленици, кои ja поздравуваат реакцијата на АХВ и изречената казна за напуштените мачиња.
„Огромна благодарност до Агенција за храна и ветеринарство во името на сите нас кои се бориме за правата на животните, особено мачките. Направивте огромна промена со овој случај кој, се надевам, ќе служи за пример. Вакви случки како оваа кај нас се секојдневие. За која било институција да постапи, потребна е пријава. Затоа, пријавувајте во МВР и АХВ, зборувајте во име на тие што не можат да зборуваат за себе“, гласи еден од многуте коментари.
Во друг коментар се посочува дека 550 евра парична казна за напуштање мали мачиња е добар почеток за да се изгради систем во кој мачките и кучињата ќе бидат препознаени како живи суштества кои имаат свои права.
„Затоа, не вртете глава. Ако знаете дека некој намерно остава (фрла) мачиња или кучиња – пријавете. Ако сте виделе, ако имате снимка, фотографија или друг доказ, пријавете во АХВ. Не е „туѓа работа“. Ако сте хуман очевидец, не молчете“, се додава во коменатрот.
Напуштањето животни може да се пријави на бесплатната телефонска линија 0800 3 2222 – 24/7 или на info@fva.gov.mk.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
