Background

Во Македонија во текот на изминатото деноноќие се регистрирани 24 пожари на отворен простор, од кои два и натаму се активни, два се ставени под контрола, а 20 се целосно изгаснати

Во Македонија во текот на изминатото деноноќие се регистрирани 24 пожари на отворен простор, од кои два и натаму се активни, два се ставени под контрола, а 20 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активен останува пожарот во месноста Видуш, во близина на селото Драгов Дол во Општина Македонски Брод, каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.

Огнот активен е и над селото Моране во Општина Студеничани, каде е зафатена мешана шума.

- Advertisement -
Ad image

Под контрола е пожарот на градската депонија во Делчево, како и пожарот во Ново Село, на планината Огражден, каде се зафатени депонија, мешана деградирана шума и ниска вегетација.

Во текот на изминатите часови се изгаснати уште 20 пожари на повеќе локации низ земјава.

Во Виница, пожарот кај селото Блатец бил во ниска вегетација, додека во Штип, во населбата Света Петка, исто така горела ниска вегетација.

Пожар избувнал и кај селото Горенци во Центар Жупа, каде била зафатена депонија. Во Кичево, кај селото Бачинци, горело ѓубре, а пожар имало и во Лозово, во непосредна близина на Филтерната станица за вода.

Во Милетино, Општина Врвеница, бил регистриран пожар во ниска вегетација, а огнот бил изгаснат и во селата Долна Лешница во Желино, Слатина во Теарце и Врапчиште, кај ресторанот „Чифлик“.

На територијата на Гази Баба, кај селото Трубарево, гореле ниска вегетација и ѓубре.

Повеќе пожари биле регистрирани и во Општина Сарај – кај селото Долно Свиларе, меѓу Долно и Горно Свиларе, како и кај селото Паничари. На сите три локации биле зафатени мешана шума и ниска вегетација.

Во Зелениково, кај селото Орешани, горела слама, додека кај манастирот „Св. Атанасиј“ во селото Локвени, Општина Кривогаштани, пожарот бил во ниска вегетација.

Пожар бил изгаснат и во Охрид, во близина на ресторанот „Конак“, како и во Илинден, кај обиколницата Инџиково, каде горело ѓубре.

Во Општина Македонски Брод, покрај активниот пожар кај Драгов Дол, бил изгаснат и пожарот во местото викано Старичица, кај селото Грешница, каде биле зафатени ниска вегетација и мешана шума.

На списокот на изгаснати пожари се и пожарот кај селото Фариш во Кавадарци, каде горела ниска вегетација, и пожарот во месноста Сува Река кај селото Раброво во Валандово, каде била зафатена депонија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation