Зошто измените на Законот за игри на среќа сѐ уште не се применуваат, кој молчи и зошто, и дали 500-те метри до училиштата и градинките воопшто некогаш ќе бидат измерени?
Што се случува со примената на измените на Законот за игри на среќа? Зошто истиот не е започнат со имплементација?
Здруженијата и асоцијациите на приредувачи на игри на среќа, кои беа најгласни против донесувањето на измените, наеднаш се во невиден молк. Казината и обложувалниците се множат, а ниту еден приредувач не започнал со имплементација на новиот закон. Зошто?
Дали постои пречутен, таен договор помеѓу Владата на РСМ и приредувачите? Дали изменетиот закон, кој не се применува, беше донесен исклучиво заради нов пиар успех на Владата, онака декларативно, за пред камери?
Зошто не е донесен ниту алгоритмот според кој ќе се мери фамозната оддалеченост од 500 метри до градинки и училишта? Дали таа оддалеченост ќе се мери по воздушна линија или по најбезбедна пешачка патека?
Дали новата инвестиција на актуелната власт ќе биде цртање нови пешачки патеки, онака подолги, поробустни, само за да им се заобиколи законската пречка на приредувачите? Кому му служи таквото решение?
Се повика Владата, министерот за финансии и министерот за економија, а најмногу премиерот, јавно да одговорат: дали на повидок е уште една робусна манипулација – лага?
Охридскај
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
