Редакцијата на Охридскај дојде до податок кој загрижува. На овој потег, во изминатите шест месеци, сообраќајната полиција при СВР Охрид изрекла 356 казни, глоби за сообраќаен прекршок поради погрешно паркирање.
Во изминатите два дена, припадници на сообраќајната полиција отстраниле со специјално возило „пајак” осум возила и изрекле 32 казни, глоби за погрешно паркирање.
Аларм е вклучен. Какво ново решение ќе се изнајде за функционирање на сообраќајот на овој потег, од двете алтернативи кои стојат на располагање на СВР Охрид, а по предлог на МВР?
Едното решение е да се постават вертикални пластични стубчиња на почетокот на пешачката патека и на средината на коловозот, решение кое веќе втор месец се применува кај градската автобуска станица и кое дава одличен резултат.
Второто решение е овој дел да се направи еднонасочна улица, со можност за паркирање од левата страна, решение на кое се противат над седум илјади жители кои гравитираат на овој дел од градот. Тие се јасни и гласни дека, за да работат два дуќани, не може половина град да биде заложник.
Останува да се добие и согласност од Локалната самоуправа на Охрид.
До тогаш, можеби ќе поминат уште 14 години.
С.Д.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
