Грчката Независна управа за јавни приходи (ААДЕ) открила и запленила вкупно 1.296 боци нелегална разладна течност (фреон), а избегнатите царини и даноци се проценуваат дека надминуваат 338.000 евра, при проверка на две товарни возила кои влегле во Грција на граничните премини Дојран/Дојрани меѓу Македонија и Грција и Кипи меѓу Грција и Турција, јави дописничката на МИА од Атина.
Од боците со нелегален фреон, 1.000 биле скриени во камион со турски регистарски таблички, а останатите 296 во камион што во Грција дошол од Македонија.
Од ААДЕ соопштија дека во рамки на насочените активности за сузбивање на шверцот и заштита на животната средина, во петокот на 7 август 2026 година, биле извршени контроли на двата копнени гранични премина.
– Во раните утрински часови истиот ден, на граничниот премин Дојрани, при контрола на празен товарен контејнер од Северна Македонија, во специјално направена преграда биле откриени 296 боци нелегална разладна течност од типот R134a, за кои царините и даноците се пресметуваат во износ од 55.000 евра – соопштија од ААДЕ.
Во исто време, на граничниот премини Кипи кон Турција при контрола на товарно возило со приколка со турски регистарски таблички, биле откриени 1.000 боци фреон од типот R404A, што биле „внимателно скриени под пријавениот товар од гипс-картонски плочи“.
– Увозот на оваа течност во ЕУ е забранет. Вкупната вредност на товарот изнесува 884.400 евра, додека избегнатите царини и даноци се проценуваат на 283.538,64 евра – пишува во соопштението од Независната управа за јавни приходи на Грција.
Целиот нелегален товар од двата случаја е запленет и се спроведени предвидените законски постапки.
Tagged as:
ВО ГРЦИЈА ЗАПЛЕНЕТИ 1.296 БОЦИ ФРЕОН КОЈ Е ЗАБРАНЕТ ВО ЕУ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
