Украинското знаме беше отстрането од центарот на Приштина по посетата на Володимир Зеленски на Белград. Потегот доаѓа откако украинскиот претседател потврди дека Киев не го менува ставот за непризнавање на Косово.
Знамето стоело на фасада во центарот на градот околу 4 години. Било поставено како знак на солидарност со Украина по почетокот на руската инвазија.
Градоначалникот на Приштина, Перпарим Рама, објави снимка од неговото отстранување. Неговата порака е директна.
„Кога Косово не се почитува, главниот град Приштина секогаш одговара исто“, напишал Рама на Фејсбук.
Тој навел дека солидарноста со народите погодени од војна останува. Но, според него, таа не може да оди заедно со омаловажување на косовската државност.
Реакција стигнала и од Албанија. Тирана нагласи дека „нема паралела меѓу Косово и Украина“.
Албанското МНР соопшти дека продолжува силно да го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Истата поддршка, според министерството, ја има и независноста на Косово.
„Секој обид да се повлече паралела или да се создаде равенка помеѓу Косово и која било друга меѓународна ситуација е погрешен, опортунистички и длабоко погрешен“, соопштило Министерството.
Тирана се повикала и на советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата. Министерството нагласило дека Декларацијата за независност на Косово не го прекршила меѓународното право.
Според албанското МНР, руската агресија врз Украина претставува сосема различен случај. Во реакцијата се наведува дека станува збор за кршење на Повелбата на ОН и на меѓународното право.
Реакциите следуваат по првата официјална посета на Зеленски на Србија. Украинскиот претседател пристигна во Белград на 7 август, а следниот ден разговараше со претседателот на Србија Александар Вучиќ.
Зеленски таму потврдил дека украинската политика кон Косово останува непроменета. Украина и натаму не ја признава неговата независност.
Вучиќ, од друга страна, ја повторил поддршката за територијалниот интегритет на Украина. Тој јавно ѝ се заблагодарил на Украина за ставот кон Косово.
Двајцата претседатели разговарале и за економската соработка, енергетиката и за европската интеграција. Белград и Киев најавиле и работа на договор за слободна трговија.
Србија не вовела санкции кон Русија, но ја поддржува територијалната целовитост на Украина. Белград истовремено го задржува ставот дека Косово е дел од Србија.
Сепак, иако постоеја шпекулации за можната соработка во производството на дронови, српската страна обзнани дека ќе соработува со Израел за таа намена.
Една од темите на кои често се шекулира во врска со односите меѓу Србија и Украина се наводите дека Србија дозволува таен извоз на муниција за Украина. За овие наводи своевремено Москва побара одговори од Белград.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
