Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отповика амбасадорите на Украина во Албанија, Хрватска и во Црна Гора, согласно претседателските уредби објавени вчера.
„Според уредбата отповикан е Володимир Шкуров од функцијата амбасадор во Албанија, кој на оваа дипломатска задача беше од април 2020 година. Васил Кирилич е отповикан од амбасадор на Украина во Хрватска, како и Олех Херасименко, амбасадор на Украина во Црна Гора“, објавија албанските медиуми.
Во објавените укази не се наведени причините за кадровските промени. Засега, не се именувани нови амбасадори на овие дипломатски мисии.
Истовремено, Зеленски со посебен указ го отповикал и амбасадорот на Украина во Пакистан, Маркијан Чучук, како дел од поширока дипломатска ротација.
Овие отповикување следат откако деновиве Зеленски ја разреши амбасадорката на Украина во САД, Олха Стефанишина.
Неколку дена по нејзиното разрешување, Врховниот суд за борба против корупцијата ја стави Стефанишина под истрага со кауција од околу 134.000 американски долари. Таа е осомничена за нелегално богатење и лажно пријавување имот. Стефанишина изјавила дека нема доволно финансиски средства да ја плати кауцијата што ја одреди судот.
Tagged as:
Зеленски ги отповика амбасадорите на Украина во Албанија Хрватска и во Црна Гора
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
