Скандал со познат американски политичар: Сака во Конгрес, а на плажа се заканувал со нож и пиштол
Познатиот американски политичар Кирил Бејсин (40) бил уапсен во саботата, 1 август, поради физичка пресметка на плажа на Хаваи, објави Њујорк пост.
Бејсин физички се пресментал со 61-годишен маж кој го замолил да ја намали гласната музика.
Според полицијата, Бејсин му се заканувал на мажот, наводно тврдејќи дека поседува огнено оружје. Тој, исто така, се заканувал дека ќе пука и во мажот кој му забележал за музиката, но и во неговата сопруга.
Бејсин бил уапсен под сомнение дека упатил терористички закани. Инцидентот се случил на плажата Кеавакепу на островот Мауи, на Хаваи.
Во конфликтот набрзо се вмешал и очевидец кој се обидел да ја спречи расправијата. Ситуацијата, сепак, ескалирала во физичка пресметка, при што Бејсин добил удар во главата и паднал на земја.
Успеал да стане, но пресметката набрзо завршила. Очевидци тврдат дека потоа наводно извадил нож, кој кратко потоа го фрлил во морето.
Полицијата го добила ножот од случаен минувач кој го извадил од водата. Отворена е истрага за да се утврдат сите околности на конфликтот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
