Background

Маж вооружен со пиштол е уапсен откако фотографирал и снимал видеозаписи од теренот на голф-клубот „Trump national“ во Лос Анџелес, кој му припаѓа на американскиот претседател Доналд Трамп

Маж вооружен со пиштол е уапсен откако фотографирал и снимал видеозаписи од теренот на голф-клубот „Trump national“ во Лос Анџелес, кој му припаѓа на американскиот претседател Доналд Трамп.

Инцидентот се случил за време на викендот, соопшти денеска канцеларијата на шерифот на Лос Анџелес.

Полицијата го пронашла возилото на осомничениот Жанин Џон Тејл (38) на паркингот од голф-клубот, а кај него биле пронајдени рамка со 16 куршуми, наполнет пиштол со куршум во цевката и дополнителна наполнета рамка со муниција.

- Advertisement -
Ad image

Тејл е уапсен поради носење скриено огнено оружје и поради поседување забранета муниција која може да пробие панцир, соопшти канцеларијата на шерифот. По апсењето, детективите во домот на мажот пронашле уште огнено оружје и „повеќе тетратки со загрижувачки изјави“.

Осомничениот е идентификуван како Жанин Џон Тејл (38) од Дауни, Калифорнија и е задржан со кауција од 250.000 долари, а се очекува да се појави на суд на 26 август. Тејл е обвинет за поседување нерегистрирана пушка со кратка цевка, што е кривично дело коешто носи задолжителна минимална казна од 10 години во сојузен затвор, според соопштението на Канцеларијата на американскиот обвинител за Калифорнија.

„Иако сè уште ги истражуваме мотивите на ова лице, благодарни сме што е уапсен пред посетата на претседателот. Сојузните и локалните сили за спроведување на законот интервенираа рано и го спречија она што можеше да биде опасна ситуација. Оваа истрага е сè уште во тек“, соопштени првиот помошник на американскиот обвинител Бил Есајли.

Инцидентот во голф-клубот се случил во неделата, соопшти службата на шерифот, еден ден пред да биде објавено дека американскиот претседател Доналд Трамп оваа седмица ќе го посети својот имот во градот Ранчо Палос Вердес, близу Лос Анџелес, на вечера на Републиканскиот национален комитет.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation