Background

Министерството за внатрешни работи во текот на изминатата недела спроведе засилени акции против недозволената трговија со дрога, при што на територијата на целата држава биле лишени од слобода и приведени повеќе од 70 лица

Министерството за внатрешни работи во текот на изминатата недела спроведе засилени акции против недозволената трговија со дрога, при што на територијата на целата држава биле лишени од слобода и приведени повеќе од 70 лица.

Според информациите од МВР, акциските контроли биле реализирани во периодот од 27 јули до 2 август 2026 година, поради сомнение за сторени кривични дела и прекршоци поврзани со недозволена трговија и поседување наркотични дроги.

„При преземените мерки, кај лицата биле пронајдени и одземени различни видови наркотични дроги, меѓу кои бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, хашиш и марихуана, како и дробилки и други предмети поврзани со употреба и дистрибуција на дрога“, соопшти МВР.

- Advertisement -
Ad image

Кај дел од осомничените, по наредба на надлежен суд, биле извршени и претреси, при што биле пронајдени дополнителни докази поврзани со кривичните дела.

Меѓу приведените има и странски државјани, односно лица од Белгија, Турција и Германија.

По целосното документирање на сите случаи, против инволвираните ќе бидат поднесени соодветни кривични и прекршочни пријави.

Од Министерството за внатрешни работи нагласуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со интензивни активности за сузбивање на недозволената трговија со дрога и откривање на сторителите, со цел заштита на безбедноста на граѓаните и одржување на јавниот ред и мир.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation