Во централното градско подрачје во Охрид, на улица „Јане Сандански“, на само 200 метри од Охридското Езеро, се одвива вистински комунален скандал.
Сопственикот на еден угостителски објект се решил да остави употребени колзетски шољи, умивалници и друг градежен шут директно на тротоарската површина, со поглед кон езерото. Сликата е веќе петти ден иста, а никој не реагира, ниту сопственикот на објектот, ниту надлежните служби.
Според Законот за комуналните дејности, надзорот над одржувањето на јавната чистота и уредувањето на јавните површини е во надлежност на општинскиот комунален инспекторат, кој е должен по службена должност да врши инспекциски надзор и, доколку утврди прекршок, да преземе соодветни мерки за отстранување на нелегално оставениот отпад и материјал од јавна површина.
Од друга страна, Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата пропишува дека тротоарот е посебно уредена сообраќајна површина наменета исклучиво за движење на пешаци, и учесниците во сообраќајот, а со тоа и одговорните лица кои управуваат со објекти покрај патот, не смеат да ја попречуваат или загрозуваат безбедноста на пешаците со поставување пречки на тротоарот. Во случаи на вакво постапување, СВР Охрид е надлежна да постапи и да поднесе соодветен поднесок до надлежните органи.
Граѓаните бараат итна реакција од Општина Охрид и МВР, бидејќи станува збор за локација во непосредна близина на најпосетуваниот дел од градот, каде секојдневно поминуваат илијадници туристи и жители.

Tagged as:
безбедност на пешаци Јане Сандански комунален инспекторат комунален скандал охрид охридско езеро свр охрид тротоар шут
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
