Министерката за рударство и енергетика на Србија, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, денеска изјави дека нискиот водостој на Дунав предизвикува бројни проблеми во енергетскиот сектор, истакнувајќи дека хидроелектраната „Ѓердап“ никогаш немала помало производство.
Според неа, во последните три месеци е забележано рекордно ниско производство на електрична енергија, па така „Ѓердап 1“ работи со 20 отсто од капацитетот, а „Ѓердап 2“ со 30 отсто.
– Дотокот на вода е на најниско ниво, односно 1.500 кубни метри во секунда. Последен пат ваква состојба е забележана во 2003 година, а пред тоа во 1985 година – изјави Ѓедовиќ Хандановиќ за Радио-телевизија Србија (РТС).
Таа порача дека сите вработени во енергетскиот сектор мора да бидат целосно посветени за да се пребродат предизвиците предизвикани од екстремните жештини.
– Исклучително е важно што пролетва заврши ревитализацијата на реверзибилната хидроелектрана „Бајина Башта“, што овозможува пумпање вода во периодите кога цените се ниски (односно во сончевите часови), а искористување на произведената енергија во утринските и вечерните часови кога потрошувачката е најголема – изјави српската министерка.
Ѓедовиќ Хандановиќ оцени дека тропскиот бран довел и до огромна потрошувачка на електрична енергија, која достигнува од 100 до 105 гигават-часови дневно, додека во зимски услови, во најстудените денови, се троши околу 110 до 115 гигават-часови.
– Апелирам до граѓаните да се однесуваат рационално, штедливо да ја користат електричната енергија и сите да се обидеме да придонесеме за што полесно надминување на овој сушен и тропски период – порача Ѓедовиќ Хандановиќ.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
