Background

ОХРИД ГО ЧЕСТВУВА ИЛИНДЕН

Синоќа во село Велгошти се одржа културната манифестација „Ноќ спроти Илинден“ со што официјално започнаа илинденските празнувања. Годинава се навршија и 125 години од формирањето на првата востаничка чета во Велгошти.

Пред присутните се обрати Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски.

– Денес  стоиме на света земја, во Велгошти – место чија историја не се пишуваше со  зборови, туку со дело, жртва и неизмерна љубов кон татковината.

Илинден е нашиот историски стожер, денот кога македонскиот пркос се претвори во светлина, а копнежот за слобода стана државотворна идеја. Но, оваа година ИЛИНДЕН во  Велгошти има посебност што не исполнува со уште поголема почит и гордост.

Годинава одбележуваме 125 години од формирањето на првата востаничка чета во Велгошти.

Пред повеќе од еден век, токму од ова поднебје, од овие сокаци и ридови тргнаа луѓе кои не прашуваа за цената на слободата. Вдахновени од идеалите на Гоце, Даме и македонските револуционери , велгоштани ја формираа првата чета и застанаа на првата линија на борбата. Со тоа, Велгошти не само што се запиша на мапата на Илинденското востание, туку стана еден од најцврстите бедеми на македонскиот отпор.

Таа чета не беше само група вооружени луѓе – таа беше симбол на заедница, на единство и на нескршлив дух. Таа беше доказ дека кога идејата за праведност е жива, ниту една импресија не е преголема за да се предизвика.

Историјата не ни е дадена само да ја помниме  таа и не обврзува да го сочуваме она што со човечки живот е скапо платено. Денес не се бориме со оружје туку со знаење, со работа со градење подобри услови за живот на нашите деца. Нашата денешна чета се младите кои тука треба да ја градат својата иднина, семејствата кои творечки придонесуваат за развој на ова место и секој еден од вас кој не се откажува од подобро утре.

Со огромна почит се поклонувам пред хероите на Велгошти – пред оние кои пред 125 години го запалија факелот на слободата , но и пред сите вас кои денес ја чувате традицијата и не го заборавате нивниот завет.

Наша должност е Велгошти да продолжи да се развива , да го зачува својот препознатлив идентитет и да остане  посакувано  и напредно мессто за живеење.

Честит да ни е Илинден!

Вечна им слава на велгошките востаници и на сите херои кои ги положија своите живот за Македонија! – подвлече Божиноски.

Во рамки на свеченостите беше положено цвеќе пред спомен обележјето на Илинденците. Како дел од културната програма, а на задоволство на присутните беше изведен драмскиот перформанс „Македонија ќе роди нови борци вие ќе живеете во срцата наши“, по што настапи женскиот квартет „Harmonix“ и Јована Богданоска.

- Advertisement -
Ad image

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation