Претседателот на ФИФА Џани Инфантино се откажа од предлогот дел од комерцијалните права од Светското првенство да бидат под капа на инвестициски фонд. Ова се случи по силниот притисок во рамки на светската федерација и со заканите за бојкот од страна на европските федерации.
Инфантино планираше да формира компанија вредна 20 милијарди долари која би управувала со комерцијалните работи на ФИФА, заедно со женското Светско првенство и Светското клупско првенство.
Во соопштението објавено во петокот навечер Инфантино истакна:
„Внимателно ги сослушав сите мислења и стана јасно дека проектот предизвика поделби, кои независно од нивото на поддршката, веќе не се во интерес на целта за која беше предложен“.
Планот на Инфантино беше да се продадат 20% од комерцијалните права на натпреварувањата организирани од ФИФА, за 4,2 милијарди долари, и дека 211 национални конфедерации, до 2038 година, ќе добијат 86 милиони долари од таа сума.
Особено проблематичен беше недостатокот на транспарентност и идејата за продажба на удел на компанијата на Џошуа Кушнер, чиј брат Џаред Кушнер е зет на американскиот претседател Доналд Трамп.
Сепак, идејата веднаш наиде на силен и речиси едногласен отпор. УЕФА ја обвини ФИФА дека „преминува црвена линија“ и дека фудбалот „не е на продажба“.
Европската фудбалска федерација УЕФА претходно соопшти дека сите нејзини членки 55 се подготвени за бојкот на Светското првенство, а против се изјаснија и конфедерациите на Северна и Централна Америка и Кариби (КОНКАКАФ) и Азиската (АФЦ).
Незадоволен од предлогот на Инфантино еден од неговите советници, Карлос Кордеиро (поранешен претседател на фудбалската федерација на САД) поднесе оставка.
Инфантино најави дека во следните денови ќе разговара за наоѓање заедничко решение, а неуспехот на овој проект може да влијае на следните избори за претседател на ФИФА кои треба да се одржат следната година (март 2027 година во Рабат, Мароко), откако на претходните два избора Инфантино беше избран без противкандидат.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
