Повеќе од четвртина, односно 27,5 отсто од населението на Европската Унија постаро од 16 години, не можело да си дозволи една недела годишен одмор надвор од домот во текот на 2025 година, објави Евростат.
Европската статистичка служба наведува дека уделот на граѓаните кои не можеле да одвојат пари за седумдневен одмор е зголемен за 0,5 отсто во однос на 2024 година, но истовремено е за 7,7 отсто понизок отколку пред 10 години, во 2015 година.
Најголем удел на населението кое не можело да си дозволи една недела одмор е забележан во Романија (61,4 отсто), потоа во Грција (46,6 отсто), додека Бугарија и Унгарија имале по 39,1 отсто.
Наспроти тоа, најмали удели се забележани во Луксембург (10,6 отсто), Шведска (12,4 отсто) и Холандија (12,8 отсто).
Податоците на Евростат се однесуваат на можноста на домаќинствата да финансираат најмалку една недела годишен одмор надвор од својот дом, што претставува еден од показателите за материјалните услови за живот на населението.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
