ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА: ДЕБРЦА ГО НЕГУВА ИЛИНДЕНСКИОТ ДУХ!
Денеска, со огромна чест и гордост, како градоначалник ја пречекав Илинденската коњаница во нашето историско село Сливово.

Оттука, заедно со коњаниците продолживме кон селото Лактиње. Во знак на длабока почит кон нашите предци и херои, кои низ историјата се бореа за слободна Македонија, положивме свежо цвеќе на спомен-обележјата. Славната Дебрца секогаш памети и почитува!


Утрото го одбележавме во вистински македонски дух – со заеднички појадок во Лактиње, каде преку топол разговор и нашето познато гостопримство ги испративме храбритите момци да го продолжат својот марш кон селата Збажди и Локов.

Патувајте со здравје јунаци, нека ве прати добра мисла! А ние, се гледаме веќе утре во селата Волино и Требеништа, каде повторно заеднички ќе ја славиме традицијата и ќе му оддадеме чест на празникот.
Да ни е вечна Дебрца!
Да ни е вечна Македонија!

Види помалку