Повеќе објекти на компанијата „Вајлдберис“ („Wildberries“) и неколку нафтени рафинерии наводно биле погодени во текот на ноќта меѓу 30 и 31 јули во руските области Волгоград, Татарстан и Краснодарскиот крај, пренесуваат независни канали што ги следат случувањата.
Повикувајќи се на локални жители, каналот „Exilenova“ објави дека во ноќниот напад бил погоден дистрибутивниот центар на „Вајлдберис“ во Волгоград, логистички комплекс со површина од 44.000 квадратни метри кој го опслужува поширокиот регион.
Истиот извор тврди дека цел на нападот била и рафинеријата „Лукоил-Волгограднефтепереработка“ во Волгоград. Станува збор за една од најголемите руски нафтени рафинерии, која произведува бензин, дизел, авионско гориво и други нафтени деривати.
Гувернерот на Волгоградската област, Андреј Бочаров, соопшти дека пет лица се повредени во, како што наведе, масовниот ноќен напад врз регионот. Тој додаде дека избувнале пожари во индустриски објект и во складишен комплекс во градот, но не прецизираше за кои објекти станува збор, ниту ги коментираше тврдењата за нападите врз складиштето на „Вајлдберис“ и рафинеријата.
Одделно, „Exilenova“ објави дека избувнал пожар и во нафтена рафинерија во градот Туапсе, во Краснодарскиот крај. Засега не е позната причината за пожарот.
Независниот канал „ASTRA“, исто така, објави дека во текот на ноќта бил нападнат уште еден објект на „Вајлдберис“ во Зеленодолск, во Татарстан. Порталот Киев Индепендент наведува дека не можел независно да ги потврди информациите за нападите, ниту обемот на причинетата штета.
Овие наводни напади следуваат по серијата неодамнешни удари врз објекти поврзани со „Вајлдберис“, најголемата руска платформа за електронска трговија. Според достапните информации, повеќе нејзини објекти биле погодени и во текот на изминатата седмица.
„Вајлдберис“ контролира речиси половина од рускиот пазар за интернет-трговија, а преку платформата се продава и стока со двојна намена, вклучувајќи панцири и оптички кабли што можат да се користат за беспилотни летала од типот „FPV“.
По неодамнешните напади, според медиумските извештаи, компанијата ги отстранила од резултатите од пребарувањето производите поврзани со поимите „сè за СВО“ и „СВО“, кратенка за „специјална воена операција“, официјалниот термин што Кремљ го користи за војната против Украина.
Украинските власти засега не се огласиле во врска со наводните ноќни напади.
Tagged as:
Објавени драматични снимки од украинските напади
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
