Првиот човек на Специјалното обвинителство на Албанија против организран кримнал и корупција (СПАК), Клодијан Брахо потврди дека до обвинителството пристигнала кривична пријава против лидерот на партијата Можност и пратеник, Агрон Шехај.
– Обвинителот ги проверува наводите, по што ќе донесе одлука – изјави тој.
Шехај се најде во центарот на голем скандал откако беше обвинет дека го украл нацрт-договорот за заем од 302 милиони долари од САД од канцеларија во Парламентот и избегал трчајќи. Снимката од безбедносните камери покажува како Шехај бега, додека вработената, од која насилно го земал документот, брзајќи по него паѓа по скали.
Секретаријатот за процедури, гласање и етика во Собранието донесе одлука со која го суспендира Шехај 60 дена од учество на пленарни седници и состаноци на парламентарните комисии.
Од друга страна, Шехај ги негира обвинувањата, наведувајќи дека неговите постапки имале за цел да го осудат недостатокот на транспарентност во врска со документацијата за договорот и кршењето на Уставот за неговото донесување по итна постапка.
Договорот беше изгласан со 74 гласови од пратениците на владејачката Социјалистичка партија, откако опозицијата ја напушти собраниската сала, затоа што се противеше заемот да биде ратификуван по скратена постапка.
Парите се наменети за модернизација на албанската армија.
Секретарот на Секретаријатот за процедури, гласање и етика, Улси Мања, објави дека Социјалистичката партија поднела кривична пријава во СПАК против Шехај. според партијата, Шехај можел слободно да го разгледа документот, како и секој пратеник, но само во канцеларијата каде бил документот, а не насилно да го краде.
Доколку СПАК ја прифати пријавата, Шехај може да добие затворска казна во таење од најмалку 45 дена.
Tagged as:
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПРАТЕНИКОТ ВО АЛБАНИЈА ШТО УКРАДЕ ДОВЕРЛИВ ДОКУМЕНТ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
