40-годишен земјоделец, Хасим Лембеси, бил пронајден мртов во џиновски питон, долг 7 мери, потврди полицијата во индонезиската покраина Северен Малуку.
Лембеси, жител на селото Ваисакаи на островите Сула, Индонезија, исчезнал во понеделникот вечерта додека се враќал дома од соседно село.
Откако не се вратил дома роднините и мештаните организирале потрага. Тие ги пронашле неговите работи и траги од крв по шумската патека по која одел. Кратко потоа, во близина забележале огромен питон со необично голем стомак.
Со помош на полицијата, мештаните ја убиле змијата и ѝ го распорале стомакот, каде го пронашле телото на исчезнатиот Хасим Лембеси.
Портпаролот на полицијата на островите Сула, Џаја Афанди М. Соамоле, објави официјално соопштение за инцидентот.
– Жртвата е пронајдена мртва околу 20:30 часот. Била нападната од питон. Полицајците и мештаните го пронашле телото и го однеле до семејството во селото Ваисакаи за погреб – рече Соамоле.
Аматерско видео на кое се гледаат мештаните и полицијата како ја следат змијата низ вегетацијата пред да ја убијат, се прошири низ регионот. Видеото го прикажува и моментот кога телото е извлечено од распарченото животно.
Смртоносните напади од питони врз луѓето се многу ретки, но повремено се случуваат во Индонезија. Таа земја е природно живеалиште на мрежести питони, кои се меѓу најголемите змии во светот. Повеќето вакви случаи се регистрирани во рурални средини, каде што луѓето работат во шуми или на плантажи.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
