Американскиот милијардер Илон Маск предупреди дека Соединетите Американски Држави би можеле да банкротираат и да доживеат сериозен пад како држава доколку не го забрзаат воведувањето на вештачката интелигенција и роботите во сите сфери на општеството и економијата.
Најбогатиот човек во светот, чие богатство според „Форбс“ се проценува на околу 744 милијарди долари, е познат по тоа што не се плаши од ризични инвестиции, па така неговите компании „Tesla“ и „SpaceX“ поседуваат значителни количини биткоини. Но, според него, најголемиот ризик за САД не е криптовалутата, туку неконтролираниот раст на државниот долг.
Говорејќи во подкастот „Dwarkesh Podcast“, Маск повторно ја изрази својата загриженост поради експлозијата на американскиот јавен долг, истакнувајќи дека трошоците за камати веќе го надминале воениот буџет на земјата.
Тој тврди дека САД годишно плаќаат околу 1.000 милијарди долари само за камати на државниот долг.
Поради тоа, како што рече, се вклучил во работата на Одделот за ефикасност на владата (DOGE), со цел да се забави патот кон финансиски колапс и да се добие време вештачката интелигенција и роботите да помогнат во решавањето на проблемот со јавниот долг.
– Илјада проценти ќе банкротираме како држава и ќе пропаднеме како земја без вештачката интелигенција и роботите – предупреди Маск.
Тој потсети дека уште минатиот месец прогнозирал дека ерата на вештачката интелигенција ќе донесе огромно изобилство на производи и услуги, што би можело да предизвика пад на цените и дефлација, наместо инфлација.
Маск предупреди и на уште една можна последица од глобалната трка за развој на вештачката интелигенција.
Според него, водечките светски економии, како што се САД и Кина, би можеле да печатат сè повеќе фиат-пари за финансирање на технолошкиот развој, што би довело до слабеење на вредноста на националните валути.
Во повеќе наврати Маск изјавил дека, за разлика од класичните валути кои можат неограничено да се печатат, биткоинот има ограничена понуда и затоа, според неговите поддржувачи, претставува подобро средство за зачувување на вредноста.
Компанијата „Tesla“ моментално поседува 11.509 биткоини, додека „SpaceX“ има 18.712 биткоини. Во моментот на објавување на овие информации, еден биткоин вреди нешто повеќе од 64.000 долари.
Луѓето нема долго да ја контролираат вештачката интелигенција
Во интервју за списанието „The Economist“ минатата недела, Маск изјави дека вештачката интелигенција за околу пет години ќе ја надмине вкупната интелигенција на сите луѓе заедно.
– До 2036 година луѓето речиси сигурно повеќе нема да ја контролираат таа технологија – вели Маск.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
