Кина ги отфрли медиумските извештаи дека во наредните недели планира да му испорача на Иран прва пратка од 400 преносни противвоздушни ракетни фрлачи од кинеско производство, оценувајќи дека таквите информации „не се вистинити и воопшто не се засновани на факти“.
Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг на редовниот брифинг во Пекинг изјави дека Кина повеќепати јасно го изложила својот став за овие прашања.
– Овие извештаи не се вистинити и воопшто не се фактички точни. Кина секогаш се залага за мир и за ставање крај на сите конфликти – рече Мао.
И Пакистан категорично ги отфрли ваквите информации, откако во медиумите беше наведено дека Исламабад ќе овозможи транзит на испораката.
„Сите такви шпекулации се неосновани и целосно невистинити. Тие категорично се отфрлаат“, соопшти пакистанската воена служба за односи со јавноста.
Претходно, Ројтерс објави, повикувајќи се на неименувани извори, дека Иран во наредните недели треба да ја добие првата испорака на овие системи за противвоздушна одбрана, во обид повторно да ги зајакне своите одбранбени капацитети. Според истите извори, првите пратки требало да бидат испратени по воздушен пат од Урумчи во западна Кина, а потоа преку Пакистан да пристигнат во Иран, без да се прецизира дали транспортот преку пакистанска територија требало да се одвива по воздушен или по копнен пат.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
