Една од љубовните приказни што ги одбележа деведесеттите години беше четиригодишната приказна на Синди Крафорд и Ричард Гир, чии деца сега се соработници и пријатели.
Нивната врска се врати во сеќавањата на многумина овие денови откако нејзината ќерка Каја Гербер и неговиот син Хомер Гир, снимија серија и позираа заедно на црвениот тепих.
Каја, која е манекенка, неколку пати се обидуваше како актерка, а сега е една од главните ѕвезди на тинејџерскиот трилер „The Shards“.
Покрај неа, една од главните улоги ја игра Хомер Гир, синот на легендарниот Ричард Гир и неговата поранешна сопруга Кери Лоуел. Каја и Хомер присуствуваа на светската премиера на серијата во Њујорк и позираа прегрнати за фотосесија. Во интервју за E!, тие открија дека не се познавале пред снимањето и дека биле на пијалак и веднаш се зближиле, па денес можат да се нарекуваат пријатели.
– Беше одлично да се работи со него. Тој е толку прекрасен, толку забавен. Ме засмејува и е најдобриот можен партнер за снимање – вели Каја. – Искрено, ова е многу поддржувачка средина и се зближивме во овој процес.
Синди Крафорд, една од најуспешните супермодели на сите времиња, му рече „да“ на холивудскиот актер во 1991 година. Таа и Гир беа во брак до 1995 година, а моделот призна години подоцна дека разликата од 17 години сепак била пречка и покрај нејзината љубов кон Ричард Гир.
– Мислам дека дел од проблемот во нашата врска беше тоа што бевме толку многу работи, но не знам дали некогаш бевме пријатели, како врсници. Бидејќи јас бев млада, а тој беше Ричард Гир – објасни Синди.
– А потоа, како што созревав… Тешко е да се промени природата на врската во која веќе се наоѓате – истакна моделот.
По разводот, Синди го запозна бизнисменот Ренди Гербер, со кого се омажи во 1998 година, и со кого ја има ќерката Каја и синот Пресли.
Гир потоа беше во брак со мајката на Хомер, Кери Лоуел, од 2002 до 2016 година, а од 2018 година е во брак со Алехандро Силва, со кого има два сина.
Tagged as:
31 ГОДИНА ПО РАЗВОДОТ СУДБИНАТА ГИ СПОИ НИВНИТЕ ДЕЦА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
