Background

Македонија не фаќа тек со светските процеси и покрај количините на бакар во Иловица

Геополитичките настани и трговските војни го покажаа вистинското значење на синџирот на снабдување со критични минерали, оценува Меѓународната агенција за енергетика. Во последниот извештај насловен „Глобални перспективи за критични минерали 2026“ се истакнува дека глобалните економии зависат од отпорно снабдување со руди. Македонија активно не е вклучена во ископот на критични минерали и создавањето залихи, иако геолошките истражувања покажале дека земјава изобилува со бакар, а се најавени и испитувања за капацитетите на антимон.

„За клучните енергетски минерали како што се бакар, литиум, никел, кобалт, графит и ретки земни елементи, побарувачката продолжи силно да расте во 2025 година, првенствено поттикната од нивната зголемена употреба во енергетските технологии, вклучувајќи батерии за електрични возила и складирање на енергија, електрична инфраструктура како што се дистрибутивните мрежи, ветерните турбини и соларните фотоволтаични панели, како и трајни магнети со високи перформанси. Побарувачката за овие минерали порасна во просек од близу 10% годишно во последниве години, значително надминувајќи го растот на побарувачката за основни метали како што се алуминиум, олово и цинк, кој во просек изнесуваше околу 1% годишно“, се додава во извештајот.

Во Македонија пак, функционираат четири металични рудници, од кои само еден е за бакар – „Бучим-Боров дол“, кој ги исцрпува капацитетите. Во минатото беа најавени инвестиции во Казандол и во Кожуф, но тие не се реализираа. Сега, единствена сериозна останува најавата за рудник за бакар во Иловица. Проектот сепак се одолговлекува повеќе години и е мета на напади на активисти, иако експерти и инженери даваат поддршка за технолошкиот процес кој е предвиден во планот на инвеститорот, велејќи дека се употребуваат современи методи кои ја заштитуваат животната средина. Проектот доби поддршка и од локалната иницијатива „И здравје и работа“.

- Advertisement -
Ad image

„Во изминатиот период бројни професори, геолози, инженери и други експерти јавно зборуваа за современите технологии што денес се применуваат во рударството и за високите европски стандарди за заштита на животната средина. Нивните ставови заслужуваат внимание и почит, бидејќи се темелат на знаење, долгогодишно искуство и научни факти. Веруваме дека државата треба да ги слуша токму тие гласови. Одлуките за стратешки проекти не смеат да зависат од притисок од мала група на луѓе кои немаат ниту некакво образование ниту некакво искуство во рударството, туку од законите, стручните анализи и институциите. Само така може истовремено да се заштитат природата, здравјето на граѓаните и јавниот интерес“, соопштија од иницијативата.

Додека е неизвесно дали Македонија ќе се приклучи кон глобалните текови, од Меѓународната агенција за енергетика истакнаа дека цените на основните метали како што се алуминиумот, бакарот, цинкот и калајот силно пораснале, поттикнати од слабите услови за снабдување, особено на пазарите на бакар и алуминиум. Цените на бакарот достигнаа рекордни максимуми на почетокот на 2026 година, надминувајќи 14.000 американски долари за тон во мај. Дополнително, голем предизвик беше одлуката дел од големите држави да создаваат залихи од овој метал.

„Залихите на бакар и Лондонската берза на метали (LME) и Шангајската берза за фјучерси (SHFE) беа многу ранливи. Залихите на LME се намалија до крајот на 2024 година и поголемиот дел од 2025 година, бидејќи понудата се стесни, а очекувањата за побарувачката се подобрија. Очекувањето од увозните тарифи на САД, исто така, го охрабри движењето на залихите на бакар во магацините на COMEX во Соединетите Американски Држави“, се наведува во последниот извештај.

Од Агенцијата исто така истакнаа дека во моментов најголемиот дел од синџирот на снабдување со критични минерали и ретки земни елементи зависи од Кина.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation