Background

Четири лица заразени со вирусот западен нил починаа во Грција

Четири лица заразени со вирусот западен нил починаа во Грција, а во земјата се потврдени вкупно 42 случаи заклучно со вчера, од кои половина се регистрирани во изминатата седмица, во согласност со податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ).

Од ЕОДИ соопштија дека од заразените, 37 пациенти се со симптоми на централниот нервен систем (енцефалитис и/или менингитис и/или акутна блага парализа), а кај пет случаи симптомите биле благи или немало зафатеност на централниот нервен систем.

– Заклучно со 29 јули 2026 година, регистрирани се четири смртни случаи кај пациенти заразени со вирусот западен нил, кои имале зафатеност на централниот нервен систем. Сите починати биле постари од 65 години, со просечна возраст од 75 години (меѓу 66 до 91 година) – соопштија од ЕОДИ.

- Advertisement -
Ad image

Од заразените, 13 се хоспитализирани, а 25 биле отпуштени од болница.

Повеќето од случаите (вкупно 35) се регистрираните во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а другите во регионот Тесалија и во централна Грција.

Првиот случај на инфекција за оваа сезона во Грција беше регистрирани на почетокот на јули.

Вирусот Ззпаден нил, што го пренесуваат комарците, присутен е во Грција во летниот период од 2010 до 2014 година, како и од 2017 до денес.

Најголем број случаи на западен нил имало во 2018 година, вкупно 317, а истото лето највисок бил и бројот на починати лица – вкупно 51.

Лани, во Грција беа регистрирани 96 случаи, а од западен нил починаа девет лица.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation