Украина е подготвена да ѝ помогне на Франција во борбата против разорните шумски пожари, објави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски по телефонскиот разговор со францускиот колега Емануел Макрон.
Зеленски на социјалните мрежи соопшти дека го информирал Макрон за содржината на своите разговори со американскиот претседател Доналд Трамп и во американскиот Сенат, во врска со тековниот конфликт со Русија.
„На пат од Вашингтон, имав разговор со претседателот Макрон. Го информирав Емануел за деталите од состаноците во Белата куќа и во Сенатот на САД, како и за перспективите што постојат во дипломатијата во моментов. Треба да ја искористиме секоја можност што може да нè доближи до мирот и ги координиравме нашите можни следни чекори. Ви благодарам за вашата подготвеност да помогнете и да вложите сите потребни напори“, објави Зеленски на Икс.
Украинскиот претседател додаде дека за време на разговорот Макрон го спомнал прашањето за пожарите во Франција.
„Емануел ми раскажа за масовните пожари во Франција. Украина е секогаш подготвена да им помогне на оние што ни помагаа во текот на овие години од нашата борба против руската агресија. Ѝ понудив помош на Франција. Нашите специјалисти можат да се приклучат во напорите за гаснење на пожарите. Детално разговаравме и за подготовките за зимата – пакетите за снабдување за воздушна одбрана и енергијата што ни се потребни. Франција ќе работи на наоѓање решенија за поддршка на Украина“, објави Зеленски.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
