Бернар Арно, најбогатиот човек во Европа и претседател на луксузниот конгломерат LVMH, се најде во центарот на жестоки критики откако францускиот истражувачки портал Mediapart објави аудиоснимка на која, наводно, изнесува навредливи коментари за лицата со прекумерна тежина. Како што пренесува „The Telegraph“, милијардерот на снимката наводно порачува дека не сака такви луѓе во својата работна средина.
Според Mediapart, станува збор за приватен разговор од 2022 година. На објавената снимка се слуша глас за кој порталот тврди дека му припаѓа на Арно, а во кој тој вели:
– Имам едно правило. Во мојата канцеларија не сакам дебели луѓе. Тоа е депресивно. Освен тоа, не се баш динамични.
Објавата предизвика бурни реакции во Франција и на социјалните мрежи, каде многумина го обвинија Арно за дискриминација и нетолеранција кон лицата со прекумерна тежина.
Од LVMH категорично ги отфрлија обвинувањата, тврдејќи дека снимката не е автентична. Портпарол на компанијата изјави дека станува збор за „злонамерен фалсификат“, за кој постои сомневање дека е создаден со помош на вештачка интелигенција.
Компанијата смета дека целта е нарушување на угледот на Бернар Арно и на самиот LVMH, па најави дека размислува за покренување правни постапки против Mediapart.
Во соопштението на компанијата се наведува дека наводните изјави се целосно спротивни на принципите според кои работи LVMH. Оттаму истакнуваат дека при вработување пресудни се знаењето, искуството и квалификациите на кандидатите, а не нивниот физички изглед.
Од компанијата потсетуваат и дека со години е меѓу фирмите кои постигнуваат високи резултати во рангирањата што ја мерат разновидноста, инклузивноста и родовата еднаквост во работната средина.
И покрај демантот, редакцијата на Mediapart соопшти дека стои зад објавената приказна и тврди дека автентичноста на снимката била проверена преку повеќе независни извори.
Случајот доаѓа во период кога Арно и онака е под лупа на јавноста поради своето огромно богатство и влијание во Франција, каде во последните месеци се водат дебати за повисоко оданочување на најбогатите граѓани.
Tagged as:
ПРОТЕЧЕ ШОКАНТНА СНИМКА ОД НАЈБОГАТИОТ ЕВРОПЕЕЦ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
