Бројот на заразени со западнонилска треска во Македонија се искачи на осум, од кои седум се лабораториски потврдени, а еден се води како веројатен случај, информираат од Институтот за јавно здравје.
Во текот на јули се регистрирани пет нови случаи, а најновиот е потврден оваа недела. Најголем дел од пациентите се од Скопје и Велес, при што повеќето се заразиле во земјава, додека за еден постои сомнеж дека инфекцијата ја добил во Грција.
Она што загрижува е што сите пациенти развиле потешки симптоми кои го зафаќаат централниот нервен систем и биле хоспитализирани. Дел од нив веќе се пуштени на домашно лекување.
Според податоците, најголем дел од заболените се мажи и лица постари од 60 години, што дополнително укажува на ризикот кај повозрасната популација.
Западнонилската треска се пренесува преку убод од заразен комарец. Кај повеќето луѓе поминува без симптоми или со лесна клиничка слика, но кај мал број пациенти може да предизвика сериозни невролошки компликации.
Здравствените власти предупредуваат дека т.н. „тигрест комарец“ (Aedes albopictus) веќе е присутен во земјава и се шири поради повисоките температури и климатските промени.
Надлежните апелираат граѓаните да преземат заштитни мерки – користење репеленти, носење заштитна облека, поставување мрежи на прозорците и отстранување на застојана вода.
Симптоми како висока температура, силна главоболка, вкочанетост на вратот или нарушена свест по убод од комарец бараат итна медицинска помош. објавува Журнал.мк
Tagged as:
8 СЛУЧАИ НА ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА ВО МАКЕДОНИЈА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
