Во јавните здравствени установи во Гостивар во текот на вчерашниот ден (26 јули 2026 година) биле прегледани 127 лица со симптоми на ентероколит, кои за првпат побарале лекарска помош, информира Министерството за здравство.
Според Министерството, бројот на новопрегледани пациенти бележи благо зголемување во однос на претходниот ден, но сепак е помал во споредба со бројот на нови случаи регистрирани во изминатите денови.
Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ – Гостивар биле извршени вкупно 91 нов преглед, од кои 41 на Инфективното одделение и 50 на Педијатриското одделение.
На болничко лекување бил примен еден пациент на Инфективното одделение, додека едно дете е хоспитализирано на Педијатриското одделение.
Во меѓувреме, во Здравствениот дом – Гостивар во дежурната служба биле регистрирани 36 нови прегледи на лица со симптоми на ентероколит.
Надлежните здравствени институции и понатаму ја следат состојбата и апелираат граѓаните кои ќе почувствуваат симптоми на гастроинтестинални тегоби навремено да побараат лекарска помош.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
