Background

Анотел: Борбата со големиот шумски пожар во францускиот регион Жиронд би можела да трае уште со недели, па дури и со месеци

Борбата со големиот шумски пожар во францускиот регион Жиронд би можела да трае уште со недели, па дури и со месеци, предупреди потполковникот Давид Анотел, портпарол на Француската национална федерација на пожарникари.

Најголемиот предизвик во моментов е издржливоста на пожарникарските екипи, кои ќе мора постојано да ротираат.

Најмалку 75 пожарникари се повредени од почетокот на големиот шумски пожар во францускиот регион Жиронд. Од нив, десетмина морале да бидат евакуирани, но засега нема загинати меѓу припадниците на противпожарните и спасувачките служби.

- Advertisement -
Ad image

Анотел потсети на големиот пожар кај Ландирас во 2022 година, кој официјално беше прогласен за целосно изгаснат дури во октомври 2025 година.

– Сега сме соочени со слична ситуација. Во наредните недели и месеци ќе биде потребно ангажирање и смена на пожарникари од цела Франција – изјави тој.

Следните два до три дена се клучни за забавување на ширењето на пожарот, додека временските услови сè уште се релативно поволни.

За време на викендот поради пожарите во Франција евакуирани се околу 220.000 луѓе, додека во соседна Шпанија евакуирани се 75.000 луѓе, а 30.000 лица добиле наредба да се засолнат.

– Ова се пожари какви што никогаш порано не сме виделе – изјави денеска градоначалникот на Сестас, Жером Стеф.

Сестас е едно од предградијата на Бордо, каде што илјадници луѓе се евакуирани од своите домови и викендички.

Пожарите, кои избувнаа минатата недела во близина на брегот на Атлантски Океан, сега се на 15 километри од влезните точки на областа Бордо.

Метеоролошката служба на Франција соопшти дека температурата на воздухот ќе се искачи до 37 степени Целзиусови.

– Во трка со времето сме пред да се врати топлотниот бран – наведе Стеф.

Огромниот шумски пожар во југозападна Франција создаде исклучително опасен феномен наречен „пирокумулонимбус“ што досега не е виден во земјата.

Оваа облачна формација настанува кога силните шумски пожари го загреваат воздухот близу до земјата, предизвикувајќи тој брзо да се издигне и да прерасне во „огнен облак“, кој потоа создава сопствен ветер и може дополнително да ги разгори пожарите. Ако достигне големи димензии, може дури и да предизвика молњи. Овој феномен се јавува и за време на вулкански ерупции. НАСА ги нарекува „облачни змејови што блујат оган“.

– Не знаеме како ќе се шири пожарот, огнениот фронт постојано се менува. Не можеме директно да се бориме со него. Тоа е сценарио како во битката меѓу Давид и Голијат. Спас може да дојде или од небото во форма на дожд, иако би требало да врне обилно три дена, или преку наоѓање начин пожарот да се насочи кон место каде што сам ќе згасне. На пример, кон морето – рече портпаролот на FNSPF, потполковник Ерик Брокарди од Француската национална федерација на пожарникари.

Претседателот на Франција Емануел Макрон за денеска закажа владина седница на која ќе ја разгледува ситуацијата со шумските пожари што се приближуваат до Бордо.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation