На плажата во Стон, во јужниот дел на Хрватска, денеска е утврдено фекално загадување на морето, соопштија локалните власти.
Поради лошиот квалитет на морската вода, надлежните упатија апел до граѓаните и туристите да не влегуваат во морето сè додека не бидат добиени нови резултати од анализите.
Според соопштението на Дубровничко-неретванската жупанија, при редовното испитување на квалитетот на морската вода било утврдено зголемено присуство на бактеријата ешерихија коли (Escherichia coli).
Овој наод, како што се наведува, укажува на краткотрајно фекално загадување на оваа локација.
Лабораториските анализи ги спровел Институтот за јавно здравје на Дубровничко-неретванската жупанија.
Од Институтот соопштија дека измерените вредности ја надминуваат дозволената граница за безбедно капење.
Надлежните служби најавија дека ќе продолжат со повторно земање примероци од морската вода сè додека не се потврди дека загадувањето е целосно отстрането.
За случајот веќе се известени Инспекторатот за заштита на животната средина и другите надлежни инспекциски служби, кои ќе ги преземат потребните мерки за утврдување на причините за загадувањето.
Tagged as:
ФЕКАЛНО ЗАГАДУВАЊЕ НА ПОЗНАТА ПЛАЖА ВО ХРВАТСКА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
