Background

Парламентот на Никарагва најави дека ќе го спроведе планот на претседателот Даниел Ортега за прекин на одржувањето избори во земјата, што предизвика нови критики од меѓународната заедница

Парламентот на Никарагва најави дека ќе го спроведе планот на претседателот Даниел Ортега за прекин на одржувањето избори во земјата, што предизвика нови критики од меѓународната заедница.

Конгресот на Никарагва што е под целосна контрола на Ортега и неговата сопруга, копретседателката Росарио Муриљо, во соопштение наведе дека најновите уставни измени ќе обезбедат „мир, безбедност и стабилност“ во земјата.

Ортега изминатиот викенд изјави дека „повеќе нема да има избори“, со што најави продолжување на неговото повеќедецениско владеење и анулирање на каква било можност опозицијата да дојде на власт.

- Advertisement -
Ad image

Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права, Фолкер Тирк, го критикуваше најновиот развој на настаните, нагласувајќи дека „луѓето со различни политички ставови мора да имаат право на глас и право да се кандидираат за јавни функции“.

„Последните случувања дополнително ги продлабочуваат сериозните ограничувања на основните слободи, го намалуваат просторот за дејствување на граѓаните и ја влошуваат долгогодишната ерозија на владеењето на правото“, изјави Тирк.

Владата на Никарагва на критиките одговори кратко: „Ви благодариме што покажувате интерес“.

Претходно реагираше и американскиот државен секретар, Марко Рубио, кој оцени дека идејата на Ортега и Муриљо за целосно отстранување на изборите од политичкиот живот на Никарагва ја открива нивната „вистинска авторитарна природа“.

„САД ја повикуваат меѓународната заедница заеднички да ѝ покаже на диктатурата на Муриљо-Ортега дека не може да очекува, како ништо да не се случило, да продолжи да соработува со други земји додека ги урива темелите на нашата демократска хемисфера“, изјави Рубио.

По насилното задушување на протестите во 2018 година, властите под контрола на Ортега спроведоа широка пресметка со противниците. Беа уапсени опозициски политичари, верски лидери и други личности, а илјадници организации на граѓанското општество беа затворени.

Парламентот во повеќе наврати го менуваше Уставот, со цел Ортега да концентрира поголема моќ и да ги намали можностите за демократска независност и политички плурализам во земјата.

Изјавата на Ортега од неделата, дадена на годишнината од Сандинистичката револуција, практично значи откажување на претседателските избори што требаше да се одржат во ноември 2025 година.

Претходно, во јануари минатата година, Парламентот го продолжи претседателскиот мандат од пет на шест години.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation