И покрај најавите на владата и на премиерот дека сме меѓу топ 3 држави лидери во туризмот, сепак македонскиот туризам е на колена. Најголемиот туристички бисер, Охрид, е во колапс, на респиратор.
На што се должи ваквиот колапс. Дали одговорот лежи во немањето на национална стратегија за туризам или пак преовладува личниот интерес. Додека две туристички агенции, Караџаи и ДМЦ Балкан, станаа синоним за македонскиот туризам, тогаш јасно е зошто сме на ова ниво, чергарски туризам.
Зошто, затоа што 60 евра субвенции кои владата на Северна Македонија ги дава на овие агенции по донесен гостин од Република Турција, најнискиот социјален слој од делот на Анадолија, гости кои воопшто со ништо не придонесуваат за јакнење на туристичкиот бизнис. Дури има и хотели кои поради лошо искуство со овие гости воопшто не сакаат да ги примат.
Агенциите двојно профитираат, и од продажба на аранжманите на гостите од Турција, и од субвенцијата од 60 евра по лице која им ја дава владата. Не е ли срамно, наместо субвенцијата да заврши кај хотелиерите, за подигање на стандардите на хотелските капацитети и промоција на туризмот, таа завршува кај поединци кои за четири години станаа мултимилионери.
Гостите кои тие ги носат не трошат ниту едно евро во вонпансионски услуги, едноставно не купуваат ниту вода. Хотелските капацитети единствено се исполнети за престојниот празник Илинден, и тоа претежно со млада популација, поради 24 концерти во три дена кои се на репертоар во Охрид. Апартманскиот сместувачки капацитет исто така е исполнет само за престојниот празник, а какви туристи има, може да се види од приложените фотографии.

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
