Литванија на почетокот на јули покрена постапка за укинување на уставната забрана за распоредување нуклеарно оружје на својата територија, приклучувајќи се кон регионалниот безбедносен пресврт што во јуни го почна Финска меѓу членките на НАТО што граничат со Русија.
Литванскиот претседател, Гитанас Науседа, соопшти дека парламентарните партии постигнале согласност од Уставот да се избрише членот 137, кој изречно забранува распоредување оружје за масовно уништување на литванска територија.
– Геополитичката ситуација се влошува. Нашиот Устав е донесен во време кога околностите беа сосема поинакви – изјави Науседа.
Тој нагласи дека во моментов не постојат конкретни планови за складирање нуклеарно оружје во Литванија.
Министерот за одбрана, Робертас Каунас, ја образложи иницијативата со оценката дека Литванија практично останала единствената членка на Алијансата со експлицитна уставна забрана од таков вид што, според него, ја ограничува можноста земјата целосно да ги искористи одбранбените капацитети на НАТО.
Потегот на Литванија доаѓа во период кога и други нордиски и балтички земји јавно сигнализираат подготвеност да примат нуклеарно оружје на НАТО.
Естонија, Шведска и Данска во последните месеци изразија подготвеност за таков чекор, додека шведскиот премиер Улф Кристерсон потврди дека Стокхолм веќе разговара со Лондон и со Париз за прашањата поврзани со нуклеарното одвраќање.
Tagged as:
И ЛИТВАНИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
