Седницата на собраниската Комисија за одбрана и безбедност, што требаше да се одржи денеска, по констатирањето на дневниот ред, беше прекината поради отсуство на владин претставник, кој требаше да ја образложи единствената точка од дневниот ред – предлог-одлуката за продолжување кризна состојба за нафта и нафтени деривати.
Како што информира претседателот на Комисијата, Павле Арсоски, за продолжението на седницата членовите ќе бидат дополнително известени.
Владата на 17 јули ја донесе одлуката за изменување на одлуката за одобрување продолжување на рокот за постоење кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Со донесената одлука, како што соопштија, рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 20 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање мерки доколку дојде до нарушувања во снабдувањето или до значителни ценовни шокови на меѓународните пазари на нафта и нафтени деривати.
– Целта на оваа одлука е Владата да располага со соодветен правен механизам за брза и ефикасна реакција, со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето, да се ублажат последиците од евентуални пазарни нарушувања и да се заштитат интересите и животниот стандард на граѓаните и стопанството. Владата и понатаму внимателно ќе ги следи состојбите на домашниот и на меѓународниот енергетски пазар и доколку тоа го наложат околностите, ќе продолжи да носи навремени и соодветни мерки во интерес на сигурно, стабилно и непречено снабдување со нафта и нафтени деривати – посочија од владината прес-служба.
Tagged as:
беше прекината поради отсуство на владин претставник кој требаше да ја образложи единствената точка од дневниот ред – предлог-одлуката за продолжување кризна состојба за нафта и нафтени деривати. по констатирањето на дневниот ред Седницата на собраниската Комисија за одбрана и безбедност што требаше да се одржи денеска
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
