Македонија ја очекува уште еден исклучително топол летен ден, со температури кои на одделни места ќе достигнат дури 39 Целзиусови степени. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето ќе биде претежно сончево и многу топло, со мала до умерена облачност, додека попладне во делови од земјата ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Утринските температури ќе се движат од 14 степени во Берово до 22 степени во Гевгелија, а максималните дневни ќе бидат меѓу 31 степен во Маврово и 39 степени во Скопје.
Во главниот град ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Попладне, во делови од Скопската Котлина, ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.
Температурата ќе се движи од 21 до 39 степени, а ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
И во понеделник времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено ќе засилува северен ветер.
Минималните температури ќе бидат од 13 до 23 степени, додека дневните ќе достигнат 32 до 39 степени.
Според прогнозата на УХМР, промена на временските услови се очекува во вторник. Иако ќе остане сончево и топло, во попладневните и вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од западен и северозападен правец.
Минималните температури ќе се движат од 14 до 23 степени, а максималните ќе бидат меѓу 30 и 38 степени.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
