Background

Шест лица се обвинети, а уште 33 ќе одговараат со казнени налози во случајот со незаконско подигнување брзи кредити преку злоупотреба на туѓи лични податоци

Шест лица се обвинети, а уште 33 ќе одговараат со казнени налози во случајот со незаконско подигнување брзи кредити преку злоупотреба на туѓи лични податоци. Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека осомничените користеле лажни исправи и внесувале невистинити податоци во системите на финансиските друштва за да добијат кредити на име на други лица.

Според обвинителството, шемата функционирала со помош на податоци кои овозможувале да се прикажат лажни информации за вработување и други лични податоци.

„Во информатичкиот систем на повеќе оштетени финансиски друштва внесувале невистинити податоци, за кои секој од нив знаел дека не се вистинити и дека се постигнати со дејствија од други кривични дела“.

- Advertisement -
Ad image

Вработен во ФЗО им обезбедувал податоци
Во измамничката шема, според обвинението, учествувало и службено лице вработено во Фондот за здравствено осигурување. Обвинителството наведува дека тој на останатите им ставил на располагање податоци кои претходно ги обезбедил преку електронскиот систем на институцијата.
„Во ова им помагал еден од нив, кој бил службено лице вработено во Фондот за здравствено осигурување на РСМ и кој им ставил на располагање средства, односно ЕЗБО број кој претходно го обезбедил преку својот компјутер од електронскиот систем на Фондот“.

Со тие податоци, како што се сомнева обвинителството, биле злоупотребувани личните податоци на оштетени граѓани, по што од финансиските друштва биле повлекувани брзи кредити.

Штета од повеќе од 3 милиони денари
Најголемиот дел од обвинетите дејствувале во периодот од февруари 2023 до јуни 2024 година. Според обвинението, четворица од нив прибавиле противправна имотна корист од 2.509.808 денари, додека останатите со поединечни дејствија во 2022 и 2023 година прибавиле дополнителни 659.500 денари.

„Намерата на обвинетите им била за секој од нив да прибават противправна имотна корист“.

Обвинителството соопшти и дека за четири лица првично опфатени со истрагата постапката е запрена. За двајца не биле обезбедени докази за учество во измамата, додека двајца починале во текот на постапката.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation