Мобилен тим на Царинската управа спречи обид за криумчарење на 2.000 вијали со медицинскиот раствор „Гадонанс“, кои биле скриени во кабината на товарно возило на граничниот премин Деве Баир.
Од Царинската управа информираат дека со оваа акција уште еднаш ја потврдуваат својата определба за заштита на здравјето на граѓаните и спречување небезбедни медицински препарати да стигнат на домашниот пазар.
„Со оваа акција Царинската управа јасно ги покажува своите напори кон заштита на здравјето на граѓаните, спречувајќи небезбедни медицински препарати да стигнат до нив“, соопштија од Царинската управа.
Возачот, косовски државјанин вработен во транспортна компанија од Косово, превезувал алуминиумски профили на релација Турција – Косово. При контролата на Деве Баир, на прашањето дали има нешто за пријавување освен декларираната стока, тој изјавил дека нема.
Сепак, поради сомневање, царинските службеници извршиле детална контрола на возилото.
При претресот биле пронајдени 2.000 вијали, спакувани во папки и кеси, без оригинално пакување и сокриени на повеќе места во кабината – во горниот кревет, во фабричка шуплина, во просторот над возачкото седиште, како и во личниот багаж сместен под долниот кревет.
Запленетите препарати се раствор „Гадонанс“ (7,5 ml), кој се користи како контрастно средство при снимање со магнетна резонанца и подлежи на строго регулирани услови за увоз, транспорт и складирање.
„Апелираме дека секој обид за загрозување на безбедноста на граѓаните ќе биде најстрого санкциониран. Медицинските препарати подлежат на задолжителни дозволи за увоз, како и на строго пропишани температурни и безбедносни услови за чување и транспорт“, нагласуваат од Царинската управа.
Вијалите се запленети, а Одделението за истраги при Царинската управа поднело кривична пријава против осомничениот за кривичното дело криумчарење, согласно Кривичниот законик.
Од Царинската управа додаваат дека ова не е изолиран случај. Само годинава биле спречени 13 обиди за криумчарење, при што биле запленети вкупно 29.000 парчиња лекови и медицински препарати.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
