Летот на компанијата Рајанер од Лондон за Тирана, кој требало да трае околу три часа, се претворил во речиси дванаесетчасовна драма одбележана со силно невреме, две принудни пренасочувања, недостиг на храна и пијалаци, како и судири меѓу патниците и екипажот и интервенција на грчката полиција.
Летот RK8288 полетал од лондонскиот аеродром Станстед на 3 јуни за албанската престолнина, но лошото време го принудило пилотот да го промени планот на летање. Патниците некое време по полетувањето биле известени дека нема да слетаат во Тирана, туку во Бриндизи во Италија. По слетувањето во Италија, авионот останал на пистата речиси три часа, а патниците тврдат кое за тоа време добиле малку информации за тоа што се случува. Екипажот потоа најавил продолжување на летот за Тирана, но само десет минути пред планираното слетување било објавено дека авионот повторно се пренасочува, овој пат за Солун во Грција, поради грмежи над Албанија, пишува The Sun.
Меѓу патниците владеело големо незадоволство.
– Тогаш сите ги изгубија нервите и почнаа нереди – изјави еден патник за британските медиуми.
Група мажи се собра пред кокпитот и почна да го вика пилотот.
– Тој е кукавица. Пилотот мора да излезе и да се соочи со нас како маж – викаа незадоволните патници.
По слетувањето во Солун, 12 патници побарале да им се дозволи да излезат.
– Нема шанси тука да нè задржите – рекле тие.
Според зборовите на патниците, на крајот билс повикана грчката полиција, која му препорачала на екипажот да им дозволи на патниците да излезат.
Проблемите продолжиле и по полетувањето. Еден патник, за кого сведоците изјавиле дека бил целосно пијан, ги игнорирал упатствата на екипажот и почнал да оди низ кабината. Стуардесата, според зборовите на очевидците, морала физички да го врати на неговото седиште.
– Буквално го зграпчи, го крена како дете и го врати на седиштето. Беше неверојатно – рече еден патник.
Дополнителната фрустрација ја засилил недостигот на храна и пијалаци. Патниците велат дека по неколку часа веќе не им било дозволено да купуваат освежување, па морале меѓусебно да ги делат грицките што ги јаделе.
– Не ни дадоа ништо бесплатно, а некое време не можевме ниту да купиме храна или пијалак. Луѓето беа жедни и гладни. Бевме во авионот четири часа, можеби и подолго – рече еден патник.
Екипажот подоцна повторно ја отворил продажбата на храна и пијалаци, но залихите брзо се потрошиле, па останале само неколку кесички чипс, велат патниците.
Авионот конечно слетал во Тирана околу 5 часот наутро по локално време.
– Здраво, Албанија – рекол пилотот по слетувањето.
Патниците неговата порака ја поздравиле со аплауз, среќни што напорното патување конечно завршило.
– Бевме целосно исцрпени – рече еден патник.
Еден патник се обидел да побара отштета од Рајанер за речиси дванаесетчасовното патување, но неговото барање било автоматски одбиено. Спорот потоа бил пренесен до AviationADR, тело кое ги решава споровите меѓу патниците и авиокомпаниите.
Рајанер негира одговорност за доцнењето и наведува дека двете пренасочувања се резултат на вонредни околности кои се надвор од контрола на компанијата.
– Овој лет од Лондон Станстед за Тирана на 3 јуни беше пренасочен во Бриндизи поради неповолни временски услови на аеродромот во Тирана, а потоа во Солун поради грмежи. По 45 минути, екипажот повторно ја отвори продажбата на храна и пијалаци, а патниците во текот на целиот настан добиваа известувања преку е-пошта, СМС и мобилни известувања – соопшти Рајанер.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
