Background

СДСМ – Што работи Стоилковиќ како министер во Владата?

По реконструкцијата на Владата, Иван Стоилковиќ е преместен од позицијата вицепремиер и министер за односи помеѓу заедниците, на место министер за локална самоуправа.
Оваа промена повторно го отвора прашањето: што точно Стоилковиќ ѝ носи на Владата на Христијан Мицкоски, освен личната блискост со Српската напредна странка и Александар Вучиќ?
Стоилковиќ не носи никаква поддршка во Собранието или Владата. Неговата вредност за ВМРО-ОКГ се сведува на улогата на офицер за врска со Белград.
Како таков, Стоилковиќ обезбедува директен канал за комуникација, влијание и пристап до информации внатре во извршната власт на Македонија – токму она што одговара на интересите на „српскиот свет“ и регионалната политика на СНС.
Ако Стоилковиќ „добро ја работел работата“ на претходната позиција, зошто воопшто е преместен? Зошто беше меѓу министрите со најмногу критики и барања за смена, а сепак е задржан во новиот состав на Владата?
Единственото логично објаснување е дека Мицкоски попушта на надворешни притисоци, пред сè од Белград за да го задржи лојалниот партнер блиску до центрите на одлучување.
Поставувањето на Стоилковиќ на министерска позиција не е случајно. Тоа е гаранција дека влијанието на Вучиќ ќе остане институционализирано во нашата Влада.
Мицкоски, наместо да им служи на граѓаните на Македонија, со ваков кабинет продолжува да им служи на интересите на трети страни.
Особено загрижува што човек со таква позиција во Собранието физички се обиде да се пресмета со пратеникот Митко Трајчулески и отворено пцуеше пратеници.
Човек кој јавно се фали со врските со „Ноќните волци“ на Путин, кој неодамна патуваше во Кина заедно со српската делегација и таму ја промовираше кинеската комунистичка партија, а кој е близок и со бизнис-партнерот на Мицкоски – почесниот конзул во Србија Душан Адамовиќ, не може да биде министер во Владата на Македонија.
Повикуваме премиерот Мицкоски јавно да објасни според кои критериуми Стоилковиќ заслужува да остане во Владата и каков конкретен придонес очекува од него на новата позиција, освен одржување на врските со Белград и странските центри на моќ.
Српскиот народ не е Вучиќ, а СНС не е Србија.
Народот во Македонија тоа многу добро го знае.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation