Автономно возило на „Вејмо“ помогнало во откривањето на двајца пијани тинејџери во Калифорнија. Наместо безгрижно возење, нивната авантура завршила на паркинг опколен со полицајци.
Според објава на Полициската управа Сан Матео, роботакси на „Вејмо“ помогнало во пријавувањето и приведувањето на двајца пијани малолетници кои наводно пукале со водни пиштоли низ прозорците додека се возеле низ градот.
На снимка што ја објави полицијата се гледа како автономното возило застанува на паркинг и ја чека патролата, по што кон него се приближуваат неколку полицајци. Иако властите не открија точно како дошло до интервенцијата, познато е дека возилата на „Вејмо“ располагаат со камери и со микрофони во кабината за безбедност на патниците и за евидентирање на инциденти.
Случајот предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.
Еден корисник на шега го нарече роботаксито „кодош“, додека други коментираа дека ситуацијата изгледа како сцена од научнофантастичен филм.
Имаше и такви кои ја пофалија полицијата за начинот на кој реагирала, а дел од корисниците признаа дека и самите правеле слични детски несташлуци, но во време кога немало автономни возила што можат да ги снимат.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
