Принцот Џорџ повторно се најде во центарот на вниманието на Вимблдон, но овојпат не поради елегантниот изглед, туку поради еден симпатичен момент што не им избега на фотографите.
Вториот во редот за наследување на британскиот престол, кој наскоро ќе наполни 13 години, на машкото финале пристигна во друштво на родителите, принцот Вилијам и принцезата Кетрин, како и на помладата сестра, принцезата Шарлот.
Кралското семејство го следеше натпреварот од Кралската ложа на Централниот терен, каде што Италијанецот Јаник Синер го совлада Германецот Александер Зверев и ја освои својата втора титула на Вимблдон.
Додека Кетрин привлекуваше погледи во елегантен маслинесто-зелен фустан со препознатлив брош во боите на Вимблдон, а Шарлот во сина креација воодушеви со својот стајлинг, Џорџ покажа дека сепак е обичен тинејџер.
Имено, фотографите во еден момент го уловија како широко се проѕева за време на долгиот финален меч, а токму таа фотографија брзо стана една од најкоментираните од трибините.
Високите температури во Лондон, кои достигнуваа речиси 30 степени Целзиусови, очигледно си го направиле своето, па младиот принц во еден момент посегна и по пренослив вентилатор за да се разлади.
Сепак, поголемиот дел од натпреварот Џорџ внимателно ги следеше случувањата на теренот, разговараше со родителите и сестрата и со аплауз ги поздравуваше најатрактивните поени.
Одамна е познато дека ја дели љубовта кон тенисот со своето семејство, а во последните години е редовен гостин на завршницата на најпрестижниот тениски турнир во светот.
По завршувањето на мечот, принцезата Кетрин, која традиционално е покровителка на Ол Ингланд Клубот, му го врачи победничкиот пехар на Јаник Синер, додека кралското семејство уште еднаш покажа дека Вимблдон е еден од најважните настани во нивниот летен календар.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
