Background

Срамота на отворањето: „Охридско лето“ не знае ни во која година се одржува !!!

Синоќа свечено беше отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, со гала концертот „Љубов“, на кој настапија сопранот Ермонела Јахо од Албанија, тенорот Чарлс Кастроново од САД и диригентот Марко Боеми од Италија, придружувани од Оркестарот на Националната опера и балет на Северна Македонија.

Настанот, кој се одржа на сцената на Античкиот театар во Охрид, требаше да биде свечен вовед во летната културна сезона. Наместо тоа, вниманието на јавноста го привлече една целосно поинаков детал, печатарска грешка на самите билети или….???

Додека македонскиот текст на билетот јасно наведува дека станува збор за отворање на изданието во 2026 година, преводот на англиски јазик, наменет за странските гости и туристи, стои сосема поинаку. Таму пишува „Gala opening of Ohrid Summer Festival 2025“, значи една целосна година наназад.

- Advertisement -
Ad image

Грешката не е ситница. Станува збор за официјален билет на манифестација која со децении се смета за еден од најзначајните културен бренд на земјата и која некогаш беше рангирана меѓу врвните фестивали во светот. Ваков пропуст, во кој датумот на настанот буквално не се совпаѓа сам со себе на истиот документ, тешко може да се објасни како обична техничка ситница.

Јавноста веќе поставува прашање, како е можно организаторот на манифестација од ваков ранг воопшто да дозволи билетите да излезат од печатница со ваква несовпадливост? Дали никој од одговорните не ги проверил билетите пред да бидат отпечатени, дали лекторирањето и контролата на квалитет воопшто постојат во процесот, или пак станува збор за уште еден показател дека клучните позиции во културните институции завршуваат кај луѓе без потребна стручност и внимание кон деталот.

Фестивал со традиција долга шест децении заслужува далеку повеќе сериозност. Кога и најосновните работи, како точниот датум на билетот, стануваат предмет на збунетост, тоа испраќа лоша слика кон домашната и меѓународната јавност. Културните институции треба да бидат пример за прецизност, а не извор на непотребни конфузии.

Останува да се види дали организаторите на „Охридско лето“ ќе реагираат со официјално објаснување или исправка, и дали ваквите пропусти ќе продолжат да ја придружуваат манифестацијата и во наредните изданија.

Сашо Денесовски Охридскај

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation